Борусија Дортмунд славеше против Херта во последниот денешен натпревар од Бундеслигата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Борусија Дортмунд ја врза и втората победа по ред по поразот од Баерн Минхен кој значеше крај на надежите за шампионската титула.

„Милионерите“ со минимални 1:0 славеа на домашен терен против тимот на Херта Берлин кој игра одлично по рестартот на сезоната во Бундеслигата.

Единствениот погодок на средбата падна во вториот дел кога патот до мрежата го пронајде искусниот Емре Чан кој со одмерен удар го совлада Јарштајн.

Борусија Дортмунд со оваа победа остана на втората позиција со четири бода предност во однос на Лајпциг и огромни седум бода зад Баерн Минхен на четири кола до крајот на  шампионатот.