Борусија не попушта, Манчестер Јунајтед се откажува од Санчо?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борусија Дортмунд не попушта и не планира да го пушти Џејдон Санчо по помала цена од претходно предвидената.

„Телеграф“ пишува дека германскиот клуб ќе бара 110 милиони фунти за одличниот крилен фудбалер, меѓутоа Манчестер Јунајтед не сака да плати толку пари.

„Ѓаволите“ ќе размислат подобро дали ќе стапат во преговори со Борусија за ангажман на играчот со кој веќе имаат усмен договор.