Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од дерби натпреварите во 4. коло од ЛШ ќе се одигра во Дортмунд, помеѓу Борусија како домаќин и Интер.
Ова ќе биде натпревар од големо значење за двата тима, бидејќи после три кола го делат второто место на табелата со по три бода
Пред неполни две недели, Нероаѕурите во Милано славеа со 2-0 и Милионерите ќе пробаат со сите сили да се „извадат“ за тој пораз.
Сепак, Борусија на оваа средба нема да настапи со најсилниот состав, бидејќи на последниот тренинг тренерот Фавре на располагање го немаше можеби и најдобриот играч на тимот.
Имено, последниот тренинг го пропушти Марко Ројс и тешко е за верување дека воопшто ќе заигра против италијанскиот тим.