Борусија со евроголови го потопи Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борусија денеска во натпреварот од Интернатионал Шампионс Купот во Шангај убедливо славеше против Манчестер Јунајтед со 4:1.

Првиот гол на натпреварот е виден во 20 минута, кога Гонзало Кастро погоди за водство на Борусија Дортмунд од 1:0. После тоа, Борусија зголеми и на 2:0 и тоа преку Обамејанг во 36 минута. Имаа уште шанси Милионерите за зголемување на предноста, но резултатот не се менуваше до заминување на одмор.

Во 57 минута виден е најубавиот детал од натпреварот.

Младиот Осман Дембеле направи дар-мар на одбраната на Јунајтед, а потоа погоди за 3:0.

Пред 19-годишната ѕвезда на Дортмунд прво настрада Шо, а потоа и Рохо, а на крајот Џонстон мораше да ја вади топката од својата мрежа.

Само две минути потоа, многу убавата акција на Јунајтед ја круниса Михтаријан, кој го постигна својот прв гол за Црвените Ѓаволи и тоа против поранешниот клуб. Конечниот резултат на натпреварот го постави Гонзало Кастро, кој фантастично погоди за потоп на Јунајтед од Мурињо.


Manchester United vs Borussia Dortmund 1-4 All… by hqfootball2016