Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После силните шпекулации за трансфер во Интер, Џеко сепак на крајот го продолжи договорот со Рома и сега е јасно кој ќе биде прва напаѓачка опција на Волчицата во новата сезона.
Меѓутоа, Рома сака уште опции во офанзивата, па на Џеко би можел да му се придружи и хрватскиот напаѓач Никола Калиниќ.
За Калиниќ се тргна наопаку од трансферот во милан и контроверзиите на Мундијалот во Русија, а иако Атлетико Мадрид минатото лето го купи за 15 милиони евра, веќе е спремен да се одречи од него, бидејќи ниту таму Калиниќ не успеа да ја пронајде својата стара форма.
Џанлука Ди Марцио тврди дека на мета на Волчицата се најде Калиниќ и дека тренерот Пауло Фонсека дал зелено светло за негов трансфер.
Наводно Рома е веќе во преговори со Атлетико Мадрид и 31 годишниот Калиниќ сакаат да го доведат на позајмица со опција за откуп на договорот.
Се верува дека и самиот Калиниќ сака враќање во Италија, а до сега како заинтересирани за неговите услуги се спомнуваат Болоња, Сампдорија, Аталанта и Фиорентина – клубот во чиј дрес ги покажа најдобрите негови партии.