Бостон избори шести меч, Адебајо порача: Јас сум виновен, одиграв како го*но!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бем Адебајо, центарот на Мајами хит, е незадоволен со своето издание во петтиот меч од финалето на Истокот против Бостон селтикс.

Кошаркарите на Бостон победија со 121-108 против Мајами и намалија на 2-3 во финалната серија на Источната конференција.

Адебајо го повреди зголобот на десната рака во четвртиот меч, но повредата не беше сериозно, па се врати во игра во следниот натпревар.

„Одиграв како го*но. Ја преземам вината. Промашив премногу шутеви и морав да постигнувам повеќе поени. Не бев добар ниту во одбрана, тоа е најголемата грешка“, смета Адебајо.

Кошаркарот на Мајами одигра 38 минути и постигна 13 поени, осум скокови и осум асистенции.