Бостон се врати од -18 и ја шокира Индијана (Видео)


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Бостон селтикс славеше со 114-111 против Индијана пејсерс во третиот меч во финалето на Источната конференција за водство од 3-0.

Херој на Бостон беше Џру Холидеј, кој го реши мечот на неколку секунди пред крајот. При водство од 112-111 за гостите, Нембард тргна кон противничкиот кош, но Холидеј го чекаше вистинскиот момент и му одзеде топка.

Холидеј го заврши натпреварот со 14 поени, додека на паркетот блесна Џејсон Тејтум со 36 поени.