Браќата Јокиќ со камион низ улиците на Денвер: Сѐ е забавно додека не те начекаат! 📸


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ е МВП за минатата сезона во НБА-лигата, а во претходните неколку дена е во центар на внимание поради пресметката со Маркиф Морис на дуелот против Мајами хит.

Јокиќ брутално го удри неговиот противник, по што беше исклучен и казнет со еден меч суспензија, а веднаш потоа почнаа заканите од браќата на Србинот, како и од братот на американскиот кошаркар.

На социјалните мрежи се појави една фотографија на која може да се забележи како на камион се браќата Јокиќ и притоа има интересен натпис.

„Сѐ е забавно додека браќата Јокиќ не те начекаат во соблекувалната“, пишува на натписот.