Брандт го одби Ливерпул и се сели во гигант од Бундеслигата


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Жулиан Брандт кој се поврзуваше со трансфер во редовите на Ливерпул го одби англискиот тим и се реши кариерата да ја продолжи во Германија каде што настапуваше и досега.

23 годишниот играч на Баер Леверкузен според „Скај Спортс“ кариерата ќе ја продолжи во редовите на Борусија Дортмунд.

Сепак, доколку „фармацевтите“ обезбедат пласман во Лигата на шампионите, Брандт би можел да продолжи во редовите на Баер Леверкузен.

Инаку, цената на одличниот играч од средниот ред е околу 21.5 милиони фунти, сума која не претставува проблем за ниту еден голем европски тим.