Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како што знаете, Дарио Срна привремено мораше да го напушти кампот на репрезентацијата на Хрватска во Франција поради смртта на татко му во Метковиќ.
Меѓутоа, после извршениот погреб каде што присуствуваше и селекторот на Ватрените Анте Чачиќ, и високи функионери на ХНС, Срна се врати во Франција, во Довил каде што се наоѓа кампот на репрезентацијата, и ќе биде спремен за дуелот против Чешка во петок.
Братот на Дарио, Ренато Срна откри за што последен пат разговарале Дарио Срна и неговиот покоен татко. Имено, кога последен пат разговарале таткото на Дарио му рекол првенството да го одигра до крај.
„Кога Дарио последен пат го виде својот тато и разговараа и тато му рече „Сине, одиграј го првенството до крај“, рече за Слободна Далмација Ренато Срна, постариот брат на Дарио.
Дарио и ќе ја послуша последната желба на својот татко бидејќи веќе изјави дека ќе игра против Чешка, а вчера го напушти Метковиќ, и од Мостар одлета за Загреб, а од Загреб во хрватскиот камп во Нормандија.
„Тато сакаше да го заврши ЕВРО, неговите зборори додека уште можеше да зборува беа „Сине, на луѓето си ветил, тоа одработи го до крај. Дарио седна, не праша дали да се врати назад. Фамилијата се сложи бидејќи знаеме дека тоа е последна таткова желба“, рече Ренато.