Братот на Рашфорд го провоцираше Мурињо на Инстаграм


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд го победи Тотенхем, а јунак на овој натпревар беше Маркус Рашфорд.

Црвените Ѓаволи успеаа да дојдат до победа против екипата која неодамна ја превзеде нивниот поранешен тренер Жозе Мурињо. Овој натпревар Португалецот сигурно нема да го памети по добро, а за тоа е „виновен“ Рашфорд кој постигна два погодоци за домашните.

По натпреварот се јави и неговиот брат кој го објави Мурињо на Инстаграм. Тој објави фотографија од Португалецот додека тој сеуште беше тренер на Манчестер Јунајтед.

Таа фотографија е од натпреварот против Јанг Бојс кога Рашфорд промаши одлична шанса, а Мурињо беше разочаран од тоа.