Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Директорот на агенцијата „ДН Меј Спортс Менаџмент, Дејн Рашфорд бил уапсен поради семејно насилство.
Братот на фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, бил приведен од страна на полициски службеници на 20 октомври во Мајами.
Дејн поминал една недела зад решетки, по што бил пуштен на слобода со кауција, но ќе мора да се појави пред судот на 27 ноември.
Еден од неговите агенти е токму брат му Маркус, кој оваа сезона игра ужасно во дресот на Манчестер јунајтед, а вчера доби црвен картон на дуелот против Копенхаген во Лигата на шампиони (ЛШ).