Браун: Ова е голема победа, но нема да се опуштиме зашто не е завршена мисијата!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кошаркарот на Бостон селтикс, Џејлен Браун кажа дека е среќен по победата против Далас маверикс во третиот меч, но сè уште ништо не е готово.

Бостон се на праг да ја освојат рекордната титула во НБА-лигата, а ги дели само една победа против Далас.

„Ова е огромна победа за нас. Игравме добро во текот на целиот меч. Мора да останеме фокусирани до крајот, нема да се опуштиме зашто не е завршена мисијата“, кажа Браун.