Бразил остана без Едерсон за дуелите против Колумбија и Аргентина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот голман Едерсон поради повреда не може да ѝ помогне на својата репрезентација во натпреварите против Колумбија и Аргентина.

Едерсон ќе ги пропушти ноемвриските квалификации за Светското првенство (СП), кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Чуварот на мрежата го повреди стапалото на натпреварот меѓу Манчестер сити и Челси.

Бразил најпрво игра против Колумбија в четврток, а потоа на 21 ноември ја пречекува Аргентина.