Бразилскиот вундеркинд сака кај Старата дама


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот фудбалер на Сантош Габриел Барбоса, е еден од децата за кого се интересираат многу клубови во Европа.

Многу европски гиганти го сакаат овој млад играч, но тој сака само во еден клуб.

Имено Барбоса истакна дека сака да заигра за Старата дама, бидејќи тоа според негово мислење е најголем клуб.

„Вистина е дека имам многу понуди на масата, но мојата желба е да заиграм за Јувентус бидејќи тој е еден од најголемите светски клубови“, рече популарниот Габигол.

Неодамна во клубот стигна и Марко Пјаца, а доаѓањето на “Габигол“ сигурно ќе го истисне Заза од клубот, и Јувентус ќе има можност да има можеби и најдобра ротација на целиот континент.