„Брексит“ – Идеални 11 кои можат да останат без дозвола во Премиер лигата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Излезот на Велика Британија од ЕУ може прилично да го здрма островскиот фудбал.

После што Велика Британија изгласа на референдум излез од ЕУ, се појави страв дека може да оштети бројни премиерлигашки клубови.

Доколку тоа сега се случи, бројни играчи ќе останат без дозвола да настапуваат во Премиер лигата, што значи дека ќе бидат приморани да ги напуштат своите клубови.

Познато е дека Англичаните имаат посебна процедура кога се во прашање работните дозволи, која најмногу зависи од бројни настапи за националниот тим.

Бројни големи ѕвезди, поготово младите во подем, сеуште не ја исполниле квотата во националните тимови за да добијат работна дозвола во Премиерлигата, а еве идеален тим кој мора да ги напуштат своите клубови поради “Брексит“.