Брендан Роџерс одговори на шпекулациите кои го поврзуваат со Арсенал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Лестер, Брендан Роџерс прави чуда со „лисиците“ со кои се наоѓа на втората позиција на првенствената табела во Англија.

По отказот на Унаи Емери, неговото име константно се поврзува со тренерската позиција во Арсенал, а сега Роџерс за прв пат даде коментар во јавноста.

„Имам договор со Лестер до 2022 година и знам дека многу менаџери ги губат своите работи, но во моментов нема индикации дека клубот ќе ме избрка. Мислам дека тие се многу среќни за тоа како работиме. А и јас сум многу среќен, затоа немам причина да барам друга работа. Зошто би сакал да заминам од Лестер, во овој момент?“ –изјави Роџерс.