Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската ракометна репрезентација го запиша првиот пораз во главната фаза на Светското првенство, откако загуби од Словенија со 21-31.
Селекторот Данило Брестовац по поразот кажа дека ракометарите направиле голем број технички грешки и кажа дека резултатот не е реален.
„Одигравме уште еден меч со една од најдобрите селекции во Европа. Игравме добро во првиот дел, но направивме многу технички грешки. Мислам дека резултатот не е реален. Имавме и лоши и добри моменти. Игравме со многу ротации зашто имаме уште два тешки меча“, порача Брестовац.