Брестовац: Секој меч треба да биде лекција, ќе го победиме Чиле и ќе одиме во следна фаза!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот селектор Данило Брестовац по дебаклот против Египет порача дека Македонија ќе се избори за пласман во следната фаза.

Брестовац кажа дека ракометарите не биле физички подготвени за дуели со Шведска и Египет, но ќе може да го победи Чиле.

„Немавме доволно време да се подготвиме за Светското првенство. Физички не бевме подготвени за овие два натпревари, ама мислам дека ќе бидеме подготвени за дуелот со Чиле. Одигравме два дуели против нив, па сметам дека ќе ги победиме и ќе избориме пласман во следната фаза. Секој меч треба да биде лекција за нас како да играме во иднина“, вели Брестовац.