Брестовац замина од кормилото на Македонија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Данило Брестовац од денеска повеќе не е селектор на македонската ракометна репрезентација, откако Федерацијата спогодбено го раскина договорото со досегашниот селектор.

РФМ на официјалниот сајт ја потврди информацијата дека Брестовац си заминува од кормилото на Македонија по година ипол минатата на селекторската позиција. Тој пристигна во јуни 2019, а си заминува во јануари 2021.

„Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори.Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција во период јуни 2019 – јануари 2021 година.Ракометна Федерација на Македонија“, соопштија од РФМ.

Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Данило…

Posted by Ракометна Федерација на Македонија – официјална страница on Tuesday, January 26, 2021