Британец објасни зошто Ѓоковиќ не бил најдобар во историјата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ вчера го освои Ролан Гарос и стигна до 23 гренслем-титули во кариерата, па според многумина Србинот е најдобар тенисер во историјата.

Меѓутоа, новинарот Бен Брамбл од „Гардијан“ не се сложува со тоа и објасни зошто Ѓоковиќ не бил најдобар во светот.

„Освои 23 гренслем-титули, но ве молам немој да го нарекувате најдобар тенисер во историјата. Многумина сега велат дека Ѓоковиќ е најдобар во историјата, но сметам дека бројките лажат“, пишува Брамбл во воведот.

Брамбл дополнително се обиде да објасни зошто мисли така, но многумина ја исмејуваа неговата колумна.

„Да претпоставиме дека ќе се појави тенисер висок три метри. Секој негов сервис е ас. Никогаш не губи свој сервис-гем. Тој тенисер ќе биде ли најголем ако освои 30 грен-слемови? Не! Или да претпоставиме дека започнува нова светска војна и поголемиот број млади момци се регрутирани во војска, а во таква ситуација грен-слемовите уште се играат и некој успее да освои 30? Дали тој е најголем играч во светот? Секако дека не! Кога се разговарав за такво нешто мора да се земат во предвид и други фактори, како што се: Ерата во која игра, физички предиспозции…“, се обидува да објасни Брамбл.