Буфон стана трет голман кој има одиграно 50 натпревари без примен гол во Лигата на шампионите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ синоќа успеа да го совлада Манчестер Јунајтед со 2-0.

Ова беше натпревар во кој голманот на ПСЖ, Буфон успеа да ја сочува својата мрежа, а мора да се напомене дека во тоа му помогнаа и играчите во одбраната кои одлично го запираа нападот на Јунајтед

Играчите на Манчестер упатија само 10 удари од кои еден заврши во оквирот на голот, па Буфон имаше лесна работа.

Ова му беше 50ти натпревари без примен гол во Лигата на шампионите.

Само двајца легендарни голмани го имаат остварено овој успех, а тоа се Икер Касиљас и Едвин ван дер Сар.

Буфон оствари уште еден успех и сега е меѓу 10те играчи со најмногу настапи во ЛШ.