Буфон ќе ја заврши кариерата кога ќе го прослави својот 43. роденден


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Џанлуиџи Буфон ова чето се врати во Јувентус по истекувањето на договорот со ПСЖ.

Овој 41-годишен голман одлучи да потпише едногодишен договор со Старата Дама и оваа сезона ќе стане играч со најмногу настапи во Серијата А.

Буфон поради тоа се врати во Јувентус, но порача дека сеуште не размислува да ја заврши кариерата. И покрај тоа што има 41 година и понатаму се чуствува дека може да го издржи ритамот на тренинзите и да биде важен дел од тимот на Јувентус.

Италијанските медиуми денес објавија дека Буфон ни на крајот на оваа сезона нема да ја заврши кариерата и дека наводно веќе преговара со Јувентус за склучување на нов договор.

Како што пишува италијанскиот Тутоспорт, Јувентус ќе му даде договор на уште една година и со тоа Буфон на лето во 2021. година треба да ги закачи ракавиците на клин.

Тогаш голманот на Старата Дама ќе има 43 години што е навистина импресивно.