Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Легендарниот голман на Јувентус Џанлуиџи Буфон утре треба да го изедначи рекордот на Паоло Малдини по бројот на одиграни натпревари во италијанскиот шампионат.
Јувентус утре вечер гостува кај Сампдорија во пресрет на 17. коло, а со оглед дека прв чувар на мрежата е Војчех Шчезни уште не се опоравил, 99 посто е сигурно дека Буфон повторно ќе застане на голот.
Да потсетиме, овој ветеран бранеше и пред неколку дена против Удинезе кога Јувентус победи со 3:1 бидејќи Полјакот беше повреден, а докторите не можеа да помогнат да настапи и веројатно е дека ќе го пропушти и утрешниот меч.
Тоа значи дека Буфон ќе го изедначи рекордот на Паоло Малдини по бројот на одиграни натпревари во Серија А и од утре вечер двајцата ќе имаат одиграно по 647 натпревари. Со оглед дека Буфон ќе брани најмалку до крајот на оваа сезона, сигурно е дека ќе го престигне Малдини.
Инаку, Шчезни би требало да се врати на 22. декември кога Јувентус во Саудиска Арабија го игра Суперкупот на Италија против Лацио.