Бугарска провокација: Не ми е јасно како ја исвиркувате химната на баба ви и дедо ви?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бугарија славеше во Скопје со 1-0 против Македонија во последниот меч од Лигата на нации, па така заврши на втората позиција во групата 4 од Дивизијата Ц.

Пред почетокот на натпреварот македонските навивачи ја исвиркуваа химната на Бугарија, а тоа предизвика реакции од нашиот источен сосед.

Поранешниот бугарски репрезентативец Станислав Ангелов кажа дека такво нешто не смеело да се случи и притоа испрати провокација до македонскиот народ.

„Мене ми е чудно како може да ја исвиркуваш химната на баба ти и дедо ти? Чудна е таа работа, но пропагандата е многу тешка“, вели Ангелов за бугарските медиуми.