Булс се спремни да трејдуваат уште еден кошаркар

Ростерот на Чикаго Булс после сезоната за заборавање полека почнува да се распаѓа. Дерик Роуз беше трејдуван во Њујорк, судбината на Џими Батлер е под прашалник, По Гасол најверојатно нема да го продолжи договорот, Јоаким Ноа ќе игра во дрес на друг клуб, а според новите информации се спрема и трејд за Гибсон.

31-годишниот Гибсон е во последната година од договорот кој го потпиша со Булс во 2012-та година и Булс преговара со неколку клубови околу размената на крилниот центар кој во НБА лигата дебитираше во 2009-та година.

Раководството на Булс на чело со Џими Паксон и Гар Форман како и тренерот Фред Хојбјерг имаат некои нови планови.