Бундеслигата продолжи, но многумина не се среќни: Јарецот остана дома, навивачите се лути!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Бунеслигата продолжи, но во посебни услови. Без публика и атмосфера каква што е позната на трибините. Келн и Мајнц вчера одиграа 2-2, иако домаќинот водеше со 2-0.

Тоа беше прв домашен меч за Келн без маскотата, односно јарецот Хенес по 12 години. Во Германија наредија дека поради правилата на стадионот не можат ниту маскотите да бидат на трибини.

И навивачите на Келн се разочарани од целата ситуација. Дел од нив по околните згради залепија плакети со јасни пораки.

„Бундеслигата по било која цена, нашите пари се поважни од вашето здравје“, беше само една од пораката до управата.