Бунт на „Камп Ноу“: Барселона донесе одлука која ѕвездите најмногу ја мразат


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона веќе со месеци има финансиски проблеми, па поради тоа ќе мора да продаде неколку фудбалери во следниот период за да не се соочи со сериозна казна.

Освен тоа, наскоро ќе почне и модернизација на „Камп Ноу“, па клубот ќе мора да се пресели на друг стадион, а со тоа ќе се намали и приходот од натпреварите.

Раководството на каталонската екипа бара нови начини за заштеда на пари, а шпанскиот новинар Тони Хуанмарти објави дека Барселона предложила колективно намалување на платите на сите фудбалери.

Оваа идеја не им се допаднала на дел од фудбалерите, кои кренале бунт во соблекувалната, а се шпекулира дека дел од групата се Роберт Левандовски, Рафиња, Франк Кеси, Пабло Торе, Андреас Кристенсен, Жил Кунде и Маркос Алонсо.