Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Италијанскиот тренер Фабио Капело имаше што да каже после натпреварите од Лигата на шампиони што се одиграа оваа недела.
Вторникот навечер го обележа Кристијано Роналдо, а средата Лео Меси. И додека сите го фалат Роналдо поради хет-трикот против Атлетико Мадрид, Капело покажа по којзнае кој пат дека е фан на Меси.
Овој пат можеби и отиде чекор понатаму бидејќи порача дека Роналдо не е гениј.
„Роналдо е фантастичен фудбалер, а Меси е гениј“, изјави Капело за Скај Спорт и додаде:
„Постојат три генијалци во светот на фудбалот, Пеле, Марадона и Меси. Роналдо е одличен и ќе ви помогне да освоите се, но Меси е нешто друго. Се соочив со него кога имав 16 години и останав вчудоневиден. Тој прави работи кои останатите не можат. Роналдо од себе направи шампион, но тој не е гениј“, изјави Капело.