До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Чаби Алонсо може да се врати на тренерската позиција многу порано од тоа што било кој мислеше, ако ја прифати понудата која ја добил.
Имено, англиските медиуми тврдат дека вчера Алонсо добил повик од челниците на Ливерпул кои го “замолиле” да ја намали паузата од фудбалот.
Се разбира, причината е јасна, а тоа е дека тие сакаат Alonso што е можно побрзо да го замени Arne Slot на клупата на овој клуб.
Иако Стивен Џерард се надеваше дека може да го добие привременото менаџерско место, челниците на Ливерпул не се за таа опција.
Притисокот врз Слот расте со секој ден, а сè поради многу лошата форма на Ливерпул после освојувањето на титулата во Премиер лигата минатата сезона.
Алонсо е човекот кој челниците на тимот од Анфилд го сакаат на нивната клупа, и сакаат тој да дојде што е можно побрзо.
Англиските медиуми тврдат дека управата на Ливерпул порано овој месец донела одлука дека сакаат само Алонсо.
Иако претходно се говореше дека Ливерпул ќе се согласи Alonso да ја преземе екипата на крајот од сезоната, тоа сега се променило.
Челниците на Ливерпул сакаат Алонсо уште оваа сезона да ја преземе нивната екипа и тоа што е можно побрзо.
Наводно утре ќе се одржи нова средба на челниците на Ливерпул и луѓето задолжени за доведување на Алонсо во клубот.
















