Чаланоглу блиску до потпис со Јувентус, Милан најде одлична замена!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Турскиот репрезентативец Хакан Чаланоглу најверојатно ќе потпише договор со Јувентус, откако неговата соработка со Милан завршува во јуни, а засега не се преговара за нов договор.

Италијанските медиуми пишуваат дека Чаланоглу е блиску до потпис со Јувентус, откако Турчинот ги прифатил условите на „Старата дама“ и ќе добие плата од пет милиони евра годишно.

Во меѓувреме, Милан не седел со скрстени раце и пронашол замена за турскиот репрезентативец, и тоа во екиапата на Рома, а станува збор за Хенрик Михтарјан.

Михтарјан сезонава е одличен во Серија А и постигна 11 голови и 10 асистенции, па без сомнеж би бил квалитетно засилување за „росонерите“ доколку Чаланоглу реши да го засили Јувентус.