Чаланоглу доби понуда каква што денешните фудбалери може само да сонуваат


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Турскиот фудбалски репрезентативец Хакан Чаланоглу доби неверојатна понуда од Катар. Овој играч има договор со Милан до крајот на сезоната, а сега доби понуда од Ал-Духаил, и тоа од 32 милиони евра за три сезони.

Меѓутоа, Чаланоглу сака да остане во Европа и да игра на највисоко ниво и наводно е решен во намерата да ја одбие „понудата од соништата“.

Интерес за неговите услуги покажаа и голем број европски гиганти, меѓу кои и Јувентус, а ниту Милан уште не се откажа од можното продолжување на соработката со турскиот фудбалер.

Ниту еден од европските клубови не може да му даде исти услови како катарскиот тим, но сепак на Турчинот не му се приоритет парите.

Чаланоглу е во Милан од 2017 година, каде што стигна од Баер Леверкузен за 24 милиони евра и во претходните четири сезони беше еден од најважните фудбалери на „росонерите“.