Чаланоглу ќе остане без договор со Милан, а планира да го засили Јувентус?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан не може да се договори со Хакан Чаланоглу и поради тоа турскиот репрезентативец би можел да го засили Јувентус.

Италијанските медиуми објавија дека ќе се случи големо предавство затоа што Чаланоглу на лето останува без договор и може слободно да бира нов тим.

Тоа го следи и Јувентус и се обидува да го убеди да потпише за нив, а наводно Турчинот сака плата од пет милиони евра годишно без бонуси, додека Милан му нуди еден милион помалку.

Доколку фудбалерот не потпише нов договор, тогаш ќе замине целосно бесплатно, а освен „Старата дама“ за него заинтересирани се Арсенал и Челси.