Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Турскиот фудбалер Хакан Чалханоглу постигна гол против својот поранешен тим Милан во 10. минута од дербито на „Сан Сиро“, по што почна да слави, а тоа ги изнервира навивачите.
Чалханоглу беше прецизен со удар од белата точка во 10. минута и покажа голема непочит кон тимот, каде што претходно настапуваше цели четири сезони.
„Росонерите“ не му останаа должни на Турчинот, па поставија транспарент на еден мост во близина на неговиот дом и така му испратија јасна порака.
„Не е храброст да постигнеш погодок од пенал во 10. минута, туку да останеш со сопругата, иако знаеш дека те изневерила“, пишуваше на транспарентот.