Чалханоглу ги провоцираше навивачите на Милан, па тие го удрија каде што најмногу боли! 📸


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Турскиот фудбалер Хакан Чалханоглу постигна гол против својот поранешен тим Милан во 10. минута од дербито на „Сан Сиро“, по што почна да слави, а тоа ги изнервира навивачите.

Чалханоглу беше прецизен со удар од белата точка во 10. минута и покажа голема непочит кон тимот, каде што претходно настапуваше цели четири сезони.

„Росонерите“ не му останаа должни на Турчинот, па поставија транспарент на еден мост во близина на неговиот дом и така му испратија јасна порака.

„Не е храброст да постигнеш погодок од пенал во 10. минута, туку да останеш со сопругата, иако знаеш дека те изневерила“, пишуваше на транспарентот.