Чави: „Ел Класико“ никогаш не е пријателски меч!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона славеше со 3-0 против Реал Мадрид во пријателски меч кој се одигра во Далас минатата ноќ, а головите ги постигнаа Осман Дембеле, Фермин Лопез и Феран Торес.

Тренерот на каталонскиот гигант, Чави Ернандез вели дека резултатот не е реален според случувањата на теренот.

„Играта беше израмнета. Резултатот не е реален според случувањата. Не одигравме лошо, ги искористивме шансите и победивме. „Ел Класико“ никогаш не е пријателски меч“, вели Чави.