Чави: Гвардиола ме предупреди, уште лани знаев дека ќе заминам!

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез пред неколку дена најави дека ќе го напушти каталонскиот гигант на крајот на сезоната.

Чави соопшти дека го напушти каталонскиот тим по поразот од Вилјареал, а за тоа зборуваше и пред натпреварот против Осасуна.

„Можеби ќе се вратам еден ден. Секогаш ќе му бидам на располагање на тимот. Во овој момент сметам дека тимот има потреба од поинаков тренер и личност. Одлуката е за добро на клубот. Уште лани знаев дека ова е моја последна сезона. Разговарав и со Гвардиола, ми кажа дека работата во Барселона е сурова и се создава неверојатен притисок“, кажа Чави.