Чави испрати порака до Меси по елиминацијата од ЛШ


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Ѕвездите на ПСЖ доживеаа неочекуван пораз од Реал Мадрид во Лигата на шампиони (ЛШ) и така беа елиминирани од осминафиналето.

ПСЖ водеше со 1-0 по првото полувреме и вкупно имаше предност во мечот од 2-0, но Карим Бензема со хет-трик направи пресврт до крајот на средбата.

За парижаните ова беше голем удар затоа што сите со мислите веќе беа во следното коло, а на прес-конференција Чави Ернандез кажа дека испратил порака до неговиот поранешен колега од Барселона, Лионел Меси.

„Имам пријателски однос со Меси и му испратив порака. Тоа е фудбалот и Лига на шампиони, кога ќе го намалиш интензитетот, противникот ќе те совлада. Мислам дека тоа му се случи на ПСЖ“, вели Чави.