Чави ја откри вистината за Агуеро


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чави на клупата на Барселона дебитираше со победата против Еспањол од 1-0, а голот го постигна Мемфис Депај од пенал.

Неколку часа пред градското дерби се појави вест дека Серхио Агуеро ќе ни соопшти дека ја завршува кариерата поради проблеми со срцето.

Искусниот аргентински напаѓач има проблеми со срцето, кои беа откриени во текот на мечот против Алавес, а по тестовите му беше препорачана тримесечна пауза.

По мечот со Еспањол, Чави откри всушност како стојат работите за Агуеро и демантираше дека тој заминува во пензија.

„Разговарав со него пред неколку дена и не знам ништо за заминување во пензија. Таа вест не е вистинска“, кажа тренерот на Барселона.

Агуеро минатото лето ја засили Барселона како слободен фудбалер, откако претходно му заврши договорот со Манчестер сити.