Чави: Јасно е дека не сме Барселона од 2010 година, но овој тим нема душа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона синоќа славеше со 3-2 против Алмерија, откако нов срамен резултат на Каталонците спречи капитенот Серхи Роберто со два гола.

По натпреварот тренерот Чави Ернандез не беше среќен и тоа јасно го кажа на прес-конференцијата.

„Страдавме повеќе отколку што заслуживме. 30 пати шутиравме кон противничкиот гол. Првото полувреме е неприфатливо. Ни недостигаше ефикасност и агресивност. Овој тим нема душа. Не сме Барселона од 2010 година, но минатата сезона бевме подобро од оваа. Мора да се разбудиме“, кажа Чави.