Чави кажа кога би си дал отказ во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона доживеа елиминација во шпанскиот Куп, откако загуби со 2-4 од Атлетик Билбао, а ова предизвика дополнителни критики на сметка на тренерот Чави Ернандез.

Чави е свесен дека ситуацијата е лоша и кажа дека ќе си даде оставка доколку не се случат промени.

„Знам во каков тим сум. Барселона мора да освојува трофеи, тоа го бараат навивачите. Јас верувам во овој проект, но ако на крајот на сезоната не сме на конкурентно ниво, тогаш ќе си заминам“, кажа Чави.

Барселона во моментов има негатива од седум бодови зад Реал Мадрид во шпанската Ла Лига.