Чави: Никогаш не се сомневав во Левандовски, тој е фантастичен!


Од втора лига, до спасител на Германија - 12 ден ↓↓↓



Барселона славеше со 5-1 против Викторија Плзен во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), а хет-трик постигна Роберт Левандовски.

Полјакот летово пристигна во Барселона од Баерн Минхен во трансфер вреден 50 милиони евра, а Левандовски веднаш ги оправда очекувањата.

„Никогаш не се сомневав во Левандовски. Тој е неверојатен фудбалер и одличен соиграч. Не знам дали е најдобар напаѓач во Европа, но за нас тоа е сигурно“, кажа Левандовски.

Барселона летово потроши 153 милиони евра на засилувања, а во Каталонија пристигнаа Левандовски, Жил Кунде, Рафиња, Франк Кеси, Андреас Кристенсен и Маркос Алонсо.

Каталонскиот гигант по четири кола има 10 бода, односно два помалку од Реал Мадрид.