Чави се реши на голем ризик против Бенфика, но нема многу избор!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона вечерва на домашен терен ја дочекува Бенфика во мечот од групната фаза во Лигата на шампиони, а каталонскиот тим нема право на кикс против гостинот од Португалија.

Барселона сака да победи вечерва и така да обезбеди место во нокаут-фазата затоа што во случај на кикс, Каталонците ќе мора во последното коло против Баерн Минхен да бркаат плејоф.

Чави веќе дебитираше за Барселона со триумф против Еспањол од 1-0 во Ла Лига, а вечерва го предводи тимот за првпат во елитното натпреварување.

Пред мечот против Бенфика, Чави имаше многу проблеми со повредени играчи, а тоа се однесува на позицијата десен бек, каде што единствен избор му е Оскар Мингеза.

Серхи Роберто се повреди вчера на тренинг, па поради тоа Чави мораше да направи ризичен потег и да го повика Серхио Дест кој не е уште рехабилитиран.

Чави реши да ризикува и со Осман Дембеле, кој е подготвен да игра, а доби одобрение и од медицинскиот тим на екипата.