Чави се жали: Реал Мадрид никогаш нема вакви проблеми!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Интер ја совлада Барселона со 1-0 во третото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), а финишот на дуелот го одбележа една контроверзна ситуација во која не беше досуден пенал за Каталонците.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез не беше воопшто задоволен од судиите за кои смета дека се главна причина за пораз на неговиот тим.

„Не требаше да го загубиме овој дуел. Требаше да победиме, но судијата не мислеше така. Можам да кажам дека Интер манипулираше со висината нат ревата за да ја намали брзината на топката, а тоа имаше влијание врз нас. Реал Мадрид никогаш не се соочува со вакви проблеми“, кажа Чави во изјавата по натпреварот во Милано.