Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Судењето на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Алмерија (3-2) предизвика бурни реакции, откако беа донесени неколку контроверзни одлуки.
Алмерија се пожали дека била ограбена на „Сантијаго Бернабеу“ затоа што судиите влијаеле директно врз резултатот.
По натпреварот меѓу Бетис и Барселона (2-4), се јави и тренерот Чави Ернандез кој даде коментар на судењето.
„Цел свет виде што се случи во Мадрид. Ги потпишувам зборовите на тренерот на Алмерија. Ако кажам директно што мислам, ќе добијам казна, но сите знаеме што се случуваше. Тие работи не се нормални. Ова не се изговори, туку факти. Со вакви судиски одлуки тешко се брани титула“, кажа Чави.