Чави: Жирона е кандидат за шампионски пехар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Чави кажа дека не е незадоволен од настапот на неговите избраници против Жирона (2-4), но смета дека неговиот тим морал да одигра подобро и да победи.

Чави кажа дека овој пораз е голем удар за Барселона, а притоа призна дека Жирона е кандидат за титула.

„Мислам дека ситни детали го решаваа победникот. Имавме проблеми со ефикасноста. Жирона е седум бодови пред нас и сметам дека се кандидат за титулата во Ла Лига“, вели Чави.

Барселона идната сабота игра против Валенсија во 17. коло од шпанското првенство.