Чедомир Јаневски се враќа повторно на Кипар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чедомир Јаневски е на праг да се врати во Кипар, каде што треба да го предводи тимот на Олимпијакос од Никозија, а тоа го најавија кипарските медиуми.

Поранешниот селектор на Македонија минатата година се врати во Енозис Паралимни, но потоа ја прекина соработката откако се појави пандемијата на ковид-19, па сега му се отвора нова можност да работи повторно  во Кипар.

Веќе биле оставерни првите контакти со Јаневски, кој бил заинтересиран да го преземе Олимпијакос. Тој би требало да дебитира на кормилото на екипата на 5 февруари на натпреварот против Неа Саламина.

Олимпијакос се наоѓа на деветтото место во шампионатот со 24 бодови, но има серија од пет порази по ред.