Чеферин без милост: Мора да се ослободиме од идиотите кои го понижуваат фудбалот!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин зборуваше за финалните натпревари од европските натпреварувања.

Словенецот не е задоволен со организацијата на последните натпревари во Лигата на шампиони, Лига Европа и Конференциската лига, па затоа кажа дека мора некои работи да се променат.

„Сите сме свесни дека не беше сè соврешно во Истанбул. Продолжуваме да работиме заедно за да го подобриме тоа што може да се направи. Пред сè, тука мислам на транспортот до стадионот и назад. Мора да се ослободиме од идиотите кои го понижуваат фудбалот“, вели Чеферин.