Чеферин дециден: Не гледам дека Ливерпул би можел да остане без титулата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поради пандемијата од коронавирусот постои голема можност дел од превнествата ширум Европа да не го дочекаат својот крај.

Таков е случајот и со Премиер лигата за која се уште не се знае дали и кога ќе продолжи. Ливерпул е убедливо на врвот на табелата и многумина сметаат дека доколку сезоната се прекине тие треба да ја добијат тиулата.

Меѓу таквите е и првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин кој посочи дека Ливерпул ќе ја добие титулата доколку првенството биде прекинато.

„Сериа А ќе заврши. Оптимист сум по тоа прашање и сигурен сум, иако тоа не можам да го ветам или гарантирам. Во Европа се ќе зависи од ситуацијата во секоја држава поединечно. Ќе се трудиме да најдеме решение за секоја лига штом владите ни дадат зелено светло Не знам како би можеле да го оставиме Ливерпул без титула. Кога првенството би продолжило, сигурно би биле шампиони. Ако првенствата не продолжат, ќе се советуваме со лигите титулите да ги доделат на првопласираните тимови“ –изјави Чеферин.