Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин подготвува промена на Статутот на Европската куќа на фудбалот, но не планира да се кандидира за нов мандат.
Чеферин ќе остане на чело на УЕФА најмногу до 2027 година, по што ќе замине од претседателската позиција, а воедно ја искористи можност да му одговори на Звонимир Бобан кој го обвини за лицемерие и замина од институцијата.
„Изморен сум од самопрогласените морални авторитети. Ја знаете личноста за која што зборувам. Жален и срамен е неговиот карактер затоа што тој беше еден од ретките луѓе кои знаеја дека нема да се борам за уште еден мандат во УЕФА“, кажа Чеферин.